Јаир Родригез: Го сакам Волкановски, а не привремената титула

29-годишниот Мексиканец во перо категорија Јаир Родригез (14-3) изјави дека не е заинтересиран да се бори со Џош Емет (18-2) за привремената титула на УФЦ во перо категорија.

Неодамна, лидерот на УФЦ, Дана Вајт, изјави дека ќе размисли за воведување привремен појас во перо категорија. На Александар Волкановски (25-1) во моментов му е направена операција на раката и ќе отсуствува неколку месеци.

Желбата на Волкановски е да се бори со победникот од борбата за титулата во лесна категорија меѓу Ислам Махачев (22-1) и Чарлс Оливеира (33-1).

Алекс сака да стане двоен шампион, а Јаир е подготвен да го чека.

„Сите мои размислувања се за борбата со Александар Волкановски. Го чекам. Ќе го чекам дури и ако реши да се бори во лесна категорија.

Се надевам дека ќе го освои вториот појас затоа што да го победиш ќе биде уште поголемо достигнување. Зошто да се борам за привремена титула ако тропам на вратата на неприкосновениот шампион?

Нема никаква смисла. Нема да се борам со Џош Емет за привремена титула. Одам да се борам со Волкановски“,  изјавиа Родригез за ММА фајтинг.

Кон средината на минатиот месец Родригез го совлада Брајан Ортега со ТКО откако „Т-Сити“ се повреди во нивната борба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО