Конор Мек Грегор: Им ги обележувам вилиците и им ги кршам

Поранешниот шампион во две категории на УФЦ, ирскиот борец Конор Мек Грегор даде уште една громогласна изјава.

„Озлогласениот“ повеќе од една година е надвор од борбите. Мек Грегор последна борба ја имаше минатото лето кога загуби со TKO од Дастин Пориер на УФЦ 264. „Дијамантот“ победи во првата рунда откако Мек Грегор ја скрши ногата.

Конор оттогаш е надвор од терените, но сега е на оправување и се подготвува за враќање. Мек Грегор се пофали дека ги таргетирал вилиците на противниците, а потоа ги искршил.

„Сè што правам е да им ги обележам на вилиците и да им ги скршам“, напиша Мек Грегор на Твитер.

Фановите веднаш почнаа да го критикуваат. Многумина го потсетија дека го правел ова, но во минатото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО