Изгравиран златен појас добива победникот од Џошуа-Кличко

Kомпанијата „Сартонк“ направи посебен дизајн на шампионски појас, кој ќе му биде доделен на победникот од мечот за светските титули на ИБФ, ИБО и ВБА во тешка категорија меѓу Владимир Кличко и Ентони Џошуа. Во нивна чест, изгравирани се ликовите на двајцата боксери, опколени со злато и светкава круна над главата.

Менаџерите на боксерите се согласија за овој потег, давајќи посебно значење на победата. Тоа овој голем боксерски меч ќе го направи уште позначаен.

Големата боксерска пресметка е закажана за в сабота на стадионот „Вембли“, пред рекордни 90.000 гледачи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО