Џошуа: Тренирав под превезот на темнината, за да блеснам под светлата на 29 април!

Ентони Џошуа рече дека неговите 13 недели од подготовките го подигнале на сосема ново ниво пред борбата со Владимир Кличко на стадионот „Вембли“ во сабота за појасите на ИБФ, ИБО и ВБА.

27-годишниот Џошуа кој нема пораз во професионалната кариера која ја започна во 2013 година и има забележано 18 победи, изјави дека не се плаши од заморот, кој би можел повремено и да се одрази поради интензивната програма на подготовки.

„Бев на места каде што никогаш не сум бил пред тоа. Мислам дека повеќе се заморувам во салата отколку за време на борбите. Понекогаш трпам некои работи, кои не работат и јас си ги кршев ребрата, раката, си го изместував рамото, но го правам тоа заради високи цели. Јас тренирав под превезот на темнината, за да можe да блеснам под светлата на 29 април“, рече Ентони Џошуа.

Во саботата се очекува на стадионот „Вембли“ да биде регистриран рекорд во Велика Британија за најдобро посетен бокс натпревар.

https://youtu.be/6G7EhpEXvEY

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО