Избран нокаутот на годината во боксот (ВИДЕО)

Ударот на Александар Поветкин, кој му донесе победа во петтата рунда над Дилиeн Вајт, е прогласен за „Нокаут на годината“ од „Boxing Scene“. Дуелот се одржа на 22 август, а од изданието ја забележуваат не само брилијантната техничка изведба на самиот удар, туку и неговата важност за кариерата на двајцата боксери.

„Неочекуван и брутален нокаут од Поветкин, кој ја прекина серијата од единаесет победи на Вајт и го исфрли од местото задолжителен предизвикувач на шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.

Вајт го сметаше 40-годишниот Поветкин за достоен, но минлив предизвикувач, за да му помине времето чекајќи ја борбата за титулата на ВБЦ. Но, сега можеби никогаш нема да го добие. Речиси две години по раниот пораз од Ентони Џошуа на „Вембли“, Поветкин докажа дека се уште е боксер од светска класа и ја доби наградата „Нокаут на годината во 2020 година“, пишува „Boxing Scene“.

Други кандидати за оваа награда беа:

Рајан Гарсија против Франциско Фонсека во првата рунда на 14 февруари 2020 година.

Џо Џорџ против Маркос Ескудеро во деветата рунда на 1 август 2020 година.

Хозе Чепеда против Иван Барачик во петата рунда на 3 октомври 2020 година.

Џервонта Дејвис – Лео Санта Круз во шестата рунда на 31 октомври 2020 година.

Ентони Џошуа против Кубрат Пулев во деветата рунда на 12 декември 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО