Полицијата уапси борец на УФЦ, со нож се обидел да ги убие своите две сестри

Полицијата на Бојнтон Бич, Флорида го уапси 31-годишниот Ирвин Ривера, УФЦ, за обид за двојно убиство.

Имено, мексиканскиот ММА борец, кој одработи три борби за УФЦ, е осомничен дека со нож неколку пати ги прободел своите две сестри.

Со брза интервенција, 22-годишната и 33-годишната се пренесени во болницата и нивните животи не биле загрозени.

Помалата сестра на Ирвин лежела покрај патот со повеќе убодни рани во пределот на грбот, главата и раката, а кога полицијата пристигнала во куќата, ја пронашла и постара сестра со убодни рани.

Соседите и потврдија на полицијата дека една од жртвите побарала помош, а го виделе и крвавиот Ирвин Ривера.

Се тврди дека тие повикале полиција која наскоро пристигнала на местото на злосторството. Ривер веќе ја напуштил куќата.

Откако бил уапсен, Ирвин го признал злосторството. Тоа утро влегол во нивната соба и ги нападнал со нож.

За време на испрашувањето, тој тврдел дека виша сила му го сторила тоа и бил убеден дека и двете сестри му биле мртви.

Во текот на кариерата имаше десет победи и шест порази. Во УФЦ пристигна минатата година како ѕвезда на промоцијата на Титан ФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО