Погледнете како Мајк Тајсон ја организираше борбата меѓу страшните нокаутери (ВИДЕО)

Легендата на боксот, Мајк Тајсон во својот подкаст ХотБоксин закажа еден меч во лесна категорија.

Имено, гостин на Тајсон во студиото беше привремениот шампион на ВБЦ, Рајан Гарсија кој неодамна го прозва Џервонта Дејвис.

За време на шоуто Железниот Мајк го зеде мобилниот телефон и го повика шампионот на ВБА. Дејвис одговори на повикот, што дополнително го возбуди Гарсија.

„Две рунди и ќе спиеш. Имаш 165 сантиметри, ќе ти треба скала да ме удриш. Не можеш да ме допреш, никогаш во животот не си се борел во таа категорија“, рече Рајан Гарсија.

Ниту шампионот на ВБА не остана должен.

„Тој беше соборен од боксер кој воопшто не може да погоди. Ако го удрев јас, ќе го убиев. Ќе се борам со него. Тој е следен“, одговори Џервонта Дејвис.

Без сомнение, тоа би бил фантастичен судир, бидејќи Рајан Гарсија (21-0, 18 КО) и Џервонта Дејвис (24-0, 23 КО) сè уште не знаат за пораз.

Џервонта Дејвис може да се пофали дека завршил 23 борби со нокаут во текот на кариерата.

Последната победа ја доби на 31 октомври против Лео Санта Круз, со нокаут на крајот од шестата рунда.

А, Рајан Гарсија го имаше последниот меч пред неколку дена кога го победи Британецот Лук Кембел со нокаут во седмата рунда.

Интересно, Американецот за прв пат беше соборен во втората рунда, но се извлече од тоа и на крајот победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО