Иво Цветковски се бори за златниот медал на Светскиот куп „Лашко 2016“

Иво Цветковски
Иво Цветковски

Македонските каратисти во категоријата до 75 колограми имаа одличен настап на Светскиот куп „Лашко 2016“ во Словенија. Иво Цветковски од Металург и Тодор Ристески од Спорт 94 се сретнаа во полуфиналето на категорија, а и Енес Смаилагиќ со две победи.

Иво Цветковски ги совлада Стефан Петков од Бугарија 3-0, Габор Харспатаки-Унгарија 1-0, Мурат Сахин-Швајцарија 2-1 и во полуфиналето Тодор Ристески со 8-0. Ристески на патот до полуфиналето ги победи: Јусеф Хасани-Алжир 3-2, Игор Попович-Украина 1-1 (на изјаснување), Марјан Логарушиќ-Хрватска 1-0 и Никола Јовановиќ-Србија 2-0. Ристески во директната борба за бронзениот медал во репасажот беше поразен со судидка одлука откако борбата со Швајцарецот Сахин заврши 0-0.

Енес Смаилагиќ беше подобар од Антон Бродовскиј од Украина 2-0 и од Адам Јахија Шериф од Алжир со 2-1. А загуби со 4-0 од Мајед Ахалифах од КСА. Му се укажа шанаса во репасажот, која за жал не ја искористи, бидејќи загуби од Рајан Џеј од Англија со 6-0.

Сашко Патраклиев од КК Македонка е со биланс 2-1, победи против Ибрахим Нантуми од КСА и Пламен Мошеков од Бугарија со по 2-0, а загуби од Роман Рехлитскиј од Украина со 1-0. Иако Огнен Груевски во првата борба беше совладан од Мери Муховиќ од Босна и Херцеговина со 4-0,но поради неговиот пласман во финалето каратистот на Металург доби шанса во репасажот против Љубиша Михаиловиќ од Црна Гора,која не ја искористи, бидејќи беше поразен со 2-1.

Во оваа категорија останува нејасно дали Виктор Крстевски е диквалификуван или бил повреден па неможел да ги продолжи натпреварите, затоа што ја има добиено борбата против Микола Буријак од Украина со 5-0.

Во најтешката категорија над 84 килограми, Жарко Арсовски-Макпетрол, стигна до полуфиналето откако славеше над Бенјамин Нуркиќ –БиХ 1-0, Себастијан Будихна-Словенија 0-0, Миралем Манџука –БиХ 1-0, а во полуфиналето е поразен од Турчинот Зија Јашар 1-0. Во борбата за бронзениот медал загуби 1-0 од Алжирецот Мисипса Хамидини.  И Мики Стојмановиќ од истиот клуб доби шанса во репасажот, но загуби 4-0 од Алжирецот Хамадини.

Наташа Стефановска (-61 кг) од Макпетрол ги мина првите две кола, совладувајќи ги Жаклин Фактос од Еквадор и Олга Степанова од Русија сопо 1-0, а во третото загуби 2-1 од Стефани Кауп од Австрија. Сепак, во оваа категорија Сара Симоноска од Спорт 94 имаше можност преку репасажот да се избори за медал, иако во првото коло беше поразена со 6-0 од Украинката Анита Сегорина, која се пласира во финалето и ја повлече нашата натпреварувачка. Симонска во првата борба ја совлада Бернадет Јухаш од Унгарија со 5-0, но во наредната беше поразена од Тина Мариќ од Хрватска со 4-0.

И Марија Василева (-68 кг) имаше две победи и еден пораз. Славеше против Фортеса Орана-Косово 2-1 и Емина Бркиќ-Б и Х 3-1, а беше поразена со 8-0 од Алиса Бухингер од Австрија. Во репасажот Украинката Ирина Каминска ја победи Ваислева со 2-1.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО