Испитна сесија, матура и повреда го преполовија нашиот тим за Карате 1 Премиер лигата

 

Македонските каратисти ќе одат во преполовен број на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул, Турција, од 8 до 10 јуни, поради испити на факултет, матура и повреди.

Преска објавивме дека Македонија ќе ја претставуваат 16 каратисти, при што осуммина се пријавени од Карате федерацијата на Македонија (КФМ), а останата половина се од клубовите.

Но, до нашата редакција стигна известување од тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски, дека Симона Заборска, Сара Радичевска и Ангела Мојсовска поради испитната сесеија во јуни нема да одат за Истанбул, додека Наташа Стефановска има повреда и треба да мирува. Исто така и тренерот на КК Кеикс, Елвир Куртановиќ, соопшти дека Вероника Костовска нема да учествува на Премиер лигата поради полагање на матура.

На турнирот во Истанбул ќе настапат 620 каратисти од 200 клуба, односно од 63 држави.

Инаку, овие каратисти беа пријавени за учество на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул:

60 кг – 40 натпреварувачи
Емил Павлов – КФМ

67 кг – 58
Ненад Ќелебиќ – Цветан Димов

75 кг – 52
Ферат Корбулиќи – Металург, 
Петар Заборски – Макпетрол
Енес Смаилагиќ – Цветан Димов,

-84 кг – 51
Берат Јакупи – КФМ 
Петар Спасеновски – Металург 
Виктор Крстевски– Металург

+84 кг – 46
Мартин Несторовски – КФМ
Жарко Арсовски – КФМ

-50 кг -46
Сара Радичевска – КФМ

55 кг – 52
Симона Заборска – КФМ
Јована Георгиева – Олимпик спорт

61 кг – 52
Наташа Стефановска – КФМ 
Вероника Костовска – Кеикс

–68 кг – 35 
Моника Стефановска – КФМ

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО