АктуелноМеѓународна сценаММА

Ислам Махачев сака да се бори во јули

Шампионот на УФЦ во полусредна категорија, Ислам Махачев, предложи датум за неговото враќање во октагонот. Дагестанецот сака да се бори во јули. Претходно, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, ги негираше информациите од менаџерот на борецот, кој сугерираше враќање во јули. Американецот одговори дека борбата за титулата во полусредна категорија ќе се одржи, но во август.

Сега Махачев навести преку социјалните медиуми дека ова би можело да се случи во јули. Овој месец ќе има еден нумериран настан: УФЦ 329 кој ќе се одржи на 11 јули во Лас Вегас за време на Меѓународната недела на боречките вештини. Махачев (MMA 28-1) ја освои титулата во полусредна категорија во ноември 2025 година.

Дагестанецот го победи Џек Дела Мадалена со едногласна одлука во главната борба на УФЦ 322. Пред тоа, Ислам во јанаури го победи Ренато Моикано во првата рунда од главната борба на УФЦ 311. Ова беше четвртата одбрана на титулата во лесна категорија на 34-годишникот. Тој ја освои титулата во октомври 2022 година победувајќи го Чарлс Оливеира.

Махачев е во серија од 16 победи, од кои 18 од неговите 28 победи се со нокаут. Сè уште не е понзато кој ќе биде неговиот противник. Се споменуваат Иан Мачадо Гари и Мајкл Моралес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA Pros Pick (@mma.pros.pick)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON