Меѓународна сценаММА

Арман Царукјан за Топурија: Илија не е маж! Си го бричи задникот

Познатиот борец на УФЦ и поранешен кандидат за титула во лесна категорија, Арман Царукјан, остро зборуваше за шпанско-грузискиот борец Илија Топурија.

Во последните месеци, Арман се надеваше дека ќе добие шанса за титулата во лесна категорија. За жал, УФЦ создаде привремена титула, за која ќе се борат Педи Пимблет и Џастин Гејџи. Американската ѕвезда успеа да ја освои привремената титула и да обезбеди шанса за неприкосновената титула со Топурија. Тие ќе се борат ова лето на гала вечерта во Белата куќа.

Така, Царукјан повторно беше турнат настрана и ќе мора да почека за својата шанса. Арман ќе мора да се бори уште еднаш за да ја заработи својата шанса. Неодамна, Илија рече дека Царукјан е лесен за него, но очигледно Арман не се согласува со ова.

„Само прифати ја борбата. Зошто се двоумиш, ако си толку сигурен дека лесно можеш да ме победиш во првата рунда? Само потпиши го договорот. Влези таму и победи ме, кога сум толку лесен за борба. Јас сум маж, а Илија не е. Овој човек си го бричи задникот. Си ги бричи рацете, нозете. Барем јас сум маж и не го правам тоа. Ако ги гледате неговите видеа, нема влакна на нозете. Мислите ли дека ќе има влакна на задникот“?, рече Царукјан.

Шпанско-грузискиот спортист дебитираше како професионален мајстор во мешани боречки вештини во април 2015 година. Почна да се натпреварува во УФЦ во октомври 2020 година. Илија има скод од 17 победи, од кои само две се со одлука, и ниту еден пораз. Во тие 6 години во УФЦ освои титула во две различни тежински категории.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON