Ирски медиум го искритикува алчниот Мек Грегор

Mek Gregor kikotenje

Не е невообичаено Конор Мек Грегор добие по некоја критика, со оглед колку многу приказни раскажува пред секој меч.

Но е невообичаено таа да дојде од неговата татковина – Ирска.

Изгледа дека ЏП О’Мели од „Irish Independent“ не е задоволен од она што го гледа кај шампионот.

„Шампионот во ММА не е само платен полтрон на сомнителна спортска организација која работи од пустината Невада. По се игледа Мек Грегор се лишил од сите морални вредности, нешто што се бара од спортисти со глобално влијание, како него. Тој е единствено лојален на парите и материјалното богатство.

Тој никогаш не се срами да зборува клишеа и стереотипи во јавниот простор. Мек Грегор за Ирците изјави, пред цел свет, дека се нација од луѓе „кои сакаат битки“. Тешко е да се каже дали Мек Грегор има дури и основни интелектуални вештини, како оваа да мисли пред да зборува, имајќи во предвид колку се скандалозни неговите коментари.

Можеби најзагрижувачко кај Мек Грегор, освен манијата за глобална спортска доминација, е примерот кој им го дава на младите во Ирска. Имено – нормализирање на варварското насилство во нашата култура, особено меѓу наивните млади луѓе, лесно се импресионираат децата, кои се стремат да се поведуваат по однесувањето на повозрасните“.

Новинарот О’Мели дефинитивно ќе навива за Рафел дош Ањош на средбата со Мек Грегор на 5 март, во борбата на живот и смрт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО