Мухамед Али повторно е пренесен во болница

Muhamed Ali-zarobenik vo svoeto telo

Легендарниот боксер, Мухамед Али е префрлен во болница, откако семејството не успеало да го разбуди цели 24 часа.

Али (74) се опоравува во неговата куќа во Скотсдајл во Аризона, откако пред седум дена беше пуштен од болница, каде се лекуваше од уринарна инфекција.

Али во моментов е сместен на интензивна нега.

Последните информации говорат дека Мухамед Али се одмора и дека е подложен на испитувања. Неговиот портпарол само кусо изјавил дека му е продолжена терапијата поради уринарната инфекција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО