ИОК не ја признава Светската боксерска федерација на чие чело е Русинот Кремлев

За време на Игрите во Токио, Меѓународниот олимписки комитет ѝ го одзеде правото на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) да организира турнири, а сега казната е уште построга. Причината за ваквиот потег на ИОК лежи во тоа што организацијата на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) нема спроведено реформи во менаџментот, финансиите и етичките прашања.

Извршниот одбор на МОК на состанокот одржан во четвртокот и изгласа недоверба на Меѓународната боксерска организација со 69 гласа „за“ и еден воздржан, па со таа одлука организацијата ИБА останува непризнаена во меѓународни рамки.

Раководството на светскиот бокс ќе му биде доверено на друго тело.

ИБА, чии челници оваа одлука на ИОК ја нарекоа „страшна грешка“, се обиде да ја блокира, преку Судот за спортска арбитража во Лозана, но нивната жалба беше одбиена.

ИОК првпат ја суспендираше ИБА пред четири години поради начинот на управување со организацијата, како и финансиски, судиски и етички прашања и му забрани да организира настани на Олимписките игри во Токио.

Боксот ќе биде дел од Игрите и во Париз, со тоа што квалификациите и самиот турнир ќе се одвиваат под надзор на Меѓународниот олимписки комитет, а не под надзор на боксерската организација. Инаку, претседател на Меѓународната боксерска федерација е Русинот Умар Кремлиев.

ИБА беше во неповолна положба и поради спонзорскиот договор со Гаспром, кој во меѓувреме беше раскинат поради руската инвазија на Украина, пред одлуките на ИОК кои следеа подоцна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО