Илиоски славеше со нокаут во првата рунда против Леви Кујкен од Белгија

Бобан Илиоски со нокаут во првата рунда славеше против Белгијанецот Леви Кујкен во К1 до 85 кг (3 рунди по 3 минути) на настанот Фајт најт топ екшн во Турнхоут во Белгија. 

Во првата рунда му броеле на противникот, но штом почнала втората рунда од противничкиот агол веднаш ја фрлиле крпата во рингот и го предале мечот, имајќи ги предвид последиците од нокаутот.

Илиоски е на подготовки во Холандија за ВАКО Про Арена фајт турнирот што ќе се одржи на 24 март во хотелот Сплендит во Будва. На овој турнир во една вечер преку елиминации ќе се борат најдобрите борци шампиони во ВАКО до 86 кг во дисциплината К1.

Во меѓувреме одработи борба како проверка на формата, и тоа многу успешно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО