Хрговиќ порача: Жанг е опасен само неколку рунди, а јас сите 12

Судирот меѓу Украинецот Aлександр Усик и Британецот Ентони Џошуа за титулите во тешка категорија на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО е предводник на саботниот боксерски спектакл во Џеда, Саудиска Арабија.

А во конасловната борба Хравтот Филип Хрговиќ боксира против Кинезот Жилеи Жанг во елиминаторски меч за титулата на ИБФ.

Тој меч требаше да се одржи уште во мај на настанот на кој главна борба беше дуелот меѓу Канело Алварез и Дмитри Бивол, но Филип ја одложи пресметката поради смртта на неговиот татко.

Жанг потоа се бореше против Скот Александар и го нокаутираше во првата рунда.

„Мојот последен натпревар го гледаа 60 милиони луѓе во Кина. Верувам дека и овој пат ќе испишеме историја. Очекувам да ја пробиеме границата од 100 милиони. Зад мене стојат 1,4 милијарди луѓе“, рече Жилеј Жанг на прес-конференцијата пред натпреварот против Хрговиќ и рече:

„Во сабота повторно ќе победам со нокаут. Сите повторно ќе бидат сведоци на „кинеската сила““.

Но, и хрватскиот тешкаш имаше што да каже, кој повтори дека е многу задоволен што добил шанса да боксира во квалификацискиот меч за предизвикувач на ИБФ.

„Одлично е да се учествува на ваков голем настан. Го чекав тој меч скоро две години. Го поминавме целиот список на борци и никој не сакаше да се бори со мене. Многу ми е драго што Џанг ја прифати борбата. Ќе биде одличен натпревар“, рече Филип Хрговиќ и додаде:

„И двајцата сме одлични боксери и силни напаѓачи. Џанг е многу опасен само неколку рунди, а јас сите 12 и тоа е разликата меѓу нас. Одлично е што сум дел од овој спектакл. На гледачите секако ќе им понудиме одличен натпревар и добра забава“.

Погледнете ја изјавата на Хрговиќ на пресот од 23:00, а соочувањето со Жанг  е од 29:00 минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО