Хрговиќ го дозна противникот во борбата за предизвикувач на ИБФ

Жилеј Жанг ја прифати борбата со Филип Хрговиќ. Кинескиот боксер се согласи да влезе во рингот против хрватскиот тешкаш во борбата за позицијата задолжителен предизвикувач за титулата на ИБФ.

Борбата меѓу Хрговиќ и Жанг би можела да се случи во Европа како една од воведните пресметки пред реваншот меѓу Александр Усик и Ентони Џошуа.

Најдобрите 11 борци според ранг-листата на ИБФ одбија да се борат со Хрговиќ, а потоа понудата стигна до 38-годишниот Кинез, кој е 12-ти во поредокот.

Жанг во ноември го победи Американецот Крег Луис во втората рунда. За непоразениот Кинез тоа беше 23-та победа во професионалната кариера, има само реми против Џери Форест од февруари минатата година.

„Се додека мислиш дека си добар, дојди. Хрговиќ е млад и мотивиран боксер, но за мене е бебе“, изјави 38-годишниот Жилеј Жанг, кој е девет години постар од Хрговиќ.

Сега преговорите можат да започнат. Тимовите имаат 15 дена да преговараат за условите за евентуално да избегнат аукција со такси.

Џанг е многу погласно име од претходните боксери против кои се бореше Филип. Двапати учествуваше на Олимписките игри, а во 2008 година освои бронзен медал во Пекинг.

За Филип Хрговиќ тоа е најголемиот меч во професионалната кариера.

„Обиди се да бидеш малку побрз, бидејќи во спротивно нема да биде интересна борбата. Само биди малку побрз. Ако си бавен, како и обично, мечот ќе биде досаден“, изјави Филип Хрговиќ.

Филип Хрговиќ лани во декември стигна до 14-тата победа во кариерата кога со прекинк во третата рунда го совлада Емир Ахматовиќ.

ИБФ од почетокот на годината бара противник за Хрговиќ, но мечот го одбија: Луис Ортиз, Џозеф Паркер, Тони Јока, Џо Џојс, Агит Кабајел, Енди Руиз Јуниор. и Мурат Гасиев, а последна понуда доби Демси МекКин.

Многу од овие борци беа повредени и не беа подготвени за меч против Филип. Тони Јока беше еден од ретките кои се согласија, но мораше да се повлече, бидејќи имаше договорен натпревар против Мартин Баколе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО