Крис Вајдман е подготвен за борба: Се враќам оваа година

Откако доживеа ужасна повреда на ногата во последната битка, Крис Вајдман закрепна и планира да се врати оваа година.

Поранешниот шампион на УФЦ во средна категорија изјави дека не му било лесно закрепнувањето, но веќе тренира и се надева дека ќе има борба до средината на годината.

„Сакам да се борам во јуни, пред да наполнам 38 години, тоа е мојата цел.

Мојата повреда беше доста сериозна. Поминав низ многу трауми во минатото. Имав вкупно 25 операции. Но, овој пат беше многу поинаку. Но, сега имам цел на ум – се враќам во 2022 година“.

По долго опоравување Вајдман се врати во теретана и едвај чека да влезе во кафезот и повторно да биде меѓу најдобрите во средна категорија.

„Во теретана во моментов згледам добро. Тренирам со некои од врвните борци и со некои надежни идни ѕвезди. Имаме неколку непоразени ММА борци во мојата категорија. Ми оди прилично добро. Се чувствувам одлично.

Подготвен сум утре да скокнам во битка и верувам дека можам да победам, но сакам да им дадам повеќе време на моите нозе да се навикнат на товарот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО