Шампион, Гладијатор-Скопје и Будо-Кавадарци најуспешни на 1.Државно првенство во кик бокс

Шампион, Глатијатор- Скопје и Будо-Кавардци се најуспешните клубови на 1.Национално државно првенство во кик бокс за 2022 година за сите возрасти во категории (татами – кик лајт, ринг– лоу кик и К1).

Најуспешниот Шампион освои 39 медали – 23 златни, 7 сребрени и 9 бронзени, вториот Гладијатор-Скопје 30 (14-12-4) и третопласираниот Будо 19 (6-6-7).

Првенството се одржа недела во Скопје спортската сала на А1 арена „Борис Трајковски“ во организација на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија (КМФМ). На првенството учествуваа 246 натпреварувачи од вкупно 27 кик бокс клубови.

„Натпреварувањето се одвиваше во одлична спортска атмосфера и одлична организација од страна на КМФМ. Во склоп на првенството се одржа и подготвителен судиски семинар за судиите на татами и ринг и тренерски семинар. Допонително, во паузата помеѓу мерењето и почетокот на натпреварите во периодот од 10:00-11:50 во прес-центарот на салата се одржа и редовно Собрание на КМФМ за 2020 година“, истакнуваат од КМФМ и додаваат:

„Реализацијата на овој масовен натпревар беше потпомогната од страна на Агенцијата за млади и спорт на РМ, како и неколку домашни компании од приватниот сектор. Со своето присуство натпреварот го збогати и претседателот на Олимписки комитет на РСМ, Даниел Димески, кој имаше конструктивен разговор со претседателот на КМФМ Дејан Митровски за иднината и перспективата на кикбоксот во олимпиското семејство на спортовите“.

Претседателот Митровски им се заблагодарува на техничкиот и организацискиот тим, на судиите на натпреварот и на сите тренери на клубовите учесници за заедничкиот придонес што резултираше со врвно организирано, успешно и масовно првенство.

„Од година во година Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија и покрај кризата со пандемијата е во континуран пораст и зголемување на бројот на натпреварувачи и клубови членки на федерацијата. За среќа, кикбоксот е најатрактивен и најпривлечен за младата популација и е еден од најмасовните и најсакани боречки спортови во државата; што е светла точка за иднината на нашиот спорт и федерација“, рече Митровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО