Хендерсон во Белатор ќе се бори за шампионската титула

Ben Henderson udira

Оваа недела беше објавено дека Бенсон Хендерсон преминува од УФЦ во Белатор, одбивајќи да потпише нов договор со стариот работодавец, игнорирајќи го дадениот предлог.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, не беше лут, дури и му посака успех на „Бендо“ во новата организација.

Според ЕСПН, „Smooth“на 22 април на Белатор 153 ќе се сретне со Андреј Корешов за титулата на Белатор во полусредна категорија.

Хендерсон ќе се обиде да ја продолжи серијата на победи и во Белатор, но и противник е во залет, има 5 последователни победи. Во 19-те професионални мечеви единствениот пораз на Корешков е од шампионот на ОНЕ ФЦ, Бен Аскрен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО