Тренерот на Ронда Русеј казнет поради фалсификувана документација

Tarverdjan

Атлетска комисија на Калифорнија минатиот четврток го сослуша тренерот на Ронда Русеј,Едмонд Тарвердјан, и го казни со одземање на тренерската лиценца на 3 месеци, поради лажни документи.

Тарвердјан е казнет 5.000 долари и доби условна казна од три години.

Тренерот дал неточни податоци во барањето за обновување на лиценцата. Тој одговорил со „не“ на прашањето дали имал криминални обвиненувања во минатото. Сепак, ова се покажало погрешно, бидејќи од Комисијата по проверка разбрале дека во 2010 година Тарвердјан бил запрен од полицајци, затоа што возел автомобил без регистарски таблички, а при проверката се однесувал агресивно со полицајците кои биле принудени да користат тазер (електрошок пиштол). Тарвердјан помина еден ден во затвор и доби три години условна казна, како и 30 дена општествено корсина работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО