Хамзат Чимаев се закани дека ќе го погреба Нејт Дијаз

Хамзат Чимаев со нетрпение ја очекува борбата во УФЦ со Нејт Дијаз.

Рано денеска стана познато дека тие ќе го предводат УФЦ 279 на 10 септември во Лас Вегас.

Веста дојде како гром од ведро небо, бидејќи пред само неколку дена Дијаз изјави дека не му се нудат никакви борби и дека сака да го прекине договорот со УФЦ.

Сепак, сега нивната борба се чини е факт и Швеѓанецот е подготвен за тоа.

„Ќе го погребам Нејт Дијаз во УФЦ“, се закани тој.

Се работи за борба за која долго време се шпекулира, па изборот на противникот не изненади. Чимаев го предизвика Дијаз, но тој не прифати.

„Досега не бевме блиску до потпис“, изјави Чимаев и додаде: „Кога се здебелив, слабиот тип рече дека сака да се бори. Мисли дека нема да можам да ги симнам во август. Ќе ги симнам и ќе се борам со него, ако е подготвен. Одам да го здробам тоа мало момче. По ова нема да биде истиот Дијаз“.

Хамзат ја забележа својата најголема победа над Жилберт Барнс на УФЦ 273. Швеѓанецот има 11 ММА победи и ниту еден пораз.

Дијаз последен пат загуби од Леон Едвардс на УФЦ 263 во јуни минатата година, а претходно загуби од Хорхе Масвидал. Во својата кариера има победи над имиња како Конор Мек Грегор, Ентони Петис, Џим Милер, Доналд Цероне и други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО