Хамзат Чимаев е огромен фаворит на средбата со Нејт Дијаз

Хамзат Чимаев излегува како огромен фаворит во борбата против Нејт Дијаз на УФЦ 279.

Како што беше соопштено денес тие ќе го предводат настанот во Лас Вегас на 10 септември. Ова ќе биде последна борба за Дијаз според договорот со УФЦ.

Пред извесно време си разменија закани. Откако аранжманот за борбата сега е факт, излегоа и облозите на обложувалниците и според нив Чимаев важи за сериозен фаворит. Тој всушност отсекогаш бил фаворит во неговите борби, додека Дијаз не бил на таа позиција од неговата борба со Џош Томсон во 2013 година.

Хамзат Чимаев – 1100

Нејт Дијаз +773

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО