Хамзат Чимаев сака да ја освои титулата во УФЦ: Полудувам кога ми велат дека нема да бидам шампион

Непоразениот Хамзат Чимаев е желен за вистински предизвици. Шведско-чеченскиот ММА борец заврши со прекин 11 натпревари, а со судиска одлука победи само една борба.

Тој во април годинава со едногласна одлука на судиите го победи Жилберт Барнс, а пет месеци подоцна со нова „принуда“ го победи Кевин Холанд.

Откако Алекс Переира неодамна го победи Израел Адесања и го освои шампионскиот појас во средна категорија на УФЦ, Борз го прозва Бразилецот.

Чимаев не би имал ништо против за реванш со Жилберт Барнс, а во последно време најмногу се зборува дека следен противник би можел да му биде Колби Ковингтон.

Пред настанот УФЦ 279 во септември, Чимаев имаше три и пол килограми вишок, со што ја надмина дозволената граница за полусредна категорија. После тоа мораше да се соочи со многу критики…

„Ја губиш енергијата кога сите ќе се свртат против тебе, а потоа повторно те креваат“, вели Хамзат Чимаев и признава:

„Полудувам кога ќе ми кажат дека нема да бидам шампион, а сакам да им докажам дека можам да го освојам појасот. Тие што зборуваат така не се мое семејство, ниту се мој проблем“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО