Хамзат Чимаев го предизвика Колби Ковингтон

Хамзат Чимаев сака во следната борба да се бори со Колби Ковингтон.

Чеченската ѕвезда остана непоразена во последната борба. Минатиот викенд Борз водеше војна со Жилберт Барнс. Тие се бореаа на Флорида и Чимаев победи, но не беше лесно. Во стој Барнс го собори Чеченецот и неколку пати го затресе.

Пред оваа битка сите се плашеа од Чимаев, но веќе не е така. Брнс покажа дека Хамзат може да биде стресен и поразен. По победата над Барнс, Чимаев го зазеде третото место во поредокот и се доближи до титулата во средна категорија.

Сега битката со Колби му има најмногу смисла. Чимаев сака да се бори во октомври во Абу Даби. Дана Вајт веќе изјави дека Ковингтон ќе биде многу голема битка против Чимаев. Чимаев по победа над Ковингтон ќе добие шанса за титулата.

На социјалните мрежи Чимаев го предизвика Ковингтон и објави постер за нивната битка. Погледнете:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО