Хамза Јашари максимално е подготвен, се надева на добар резултат на Олимпијадата (ФОТО)

Носителот на бронзениот медал од Европското џудо првенство за кадети во Сараево, Хамза Јашари, вели дека максимално е подготвен за младинските Олимписките игри во Буенос Ариес , Аргентина, и се надева на добар резултат. Инаку, Јашари е најмладиот натпреварувач во неговата категорија до 66 килограми.

Неговиот тренер Игор Паскоски на прес-конференцијата на Македонскиот олимписки комитет (МОК) по повод учеството на Олимпијадата нагласи дека имаме натпреварувач кој освои 2 златни и 2 сребрени медали медали на Европксите купови и бронза на ЕП.

„Очекувам добар настап, затоа што имавме добри завршни подготовки во Белгија. Сепак, најбитно ќе биде да се аклиматизира, а противниците добро ги познаваме од претходните натпревари“, констатира Паскоски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО