Дарган Велинов очекува рампноправно да се носи со противниците на МОИ во Аргентина

Борачот Драган Велинов (Балканец) на прес-конференцијата на Македонскиот олимписки комитет (МОК) по повод учеството на младинските Олимписките игри во Буенос Ариес , Аргентина, изјави дека напорно се подготвувал и оти ќе има достоинстевно претставување. Очекува рамноправно да се носи со противниците во најтешката категорија, освен со фаворитите од Русија и САД.

Тренерот Суфијан Исмаили вели дека одлично ги завршиле подготовките и очекува респектабилен резултат на МОИ.

16 годишниот Драган Велинов ќе се бори во категоријата до 110 килограми. Потпретседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија, Дејан Богданов, воедно и тренер истакнува дека се работи за голем талент.

„Стана државен првак во кадетска конкуренција, учествуваше и на ЕП за кадети. Од ден на ден се повеќе напредува. Верувам дека од него допрва треба да се очекуваат резултати. Можеби малку подоцна го откривме јас и братми Виктор, но дека е голем талент ќе се уверат сите. Му посакувам успешен настап на Олимпсиките игри за млади, кои почнуваат од 6 до 18 октомври“, рече Богданов.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО