Хабиб пак го нападна Лобов: Се држи како женичка додека да се појави Конор

По скандалозната сцена, која се случи во Бруклин на 5 април, новиот шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов продолжува да го напаѓа пријателот на Мек Грегор, Артем Лобов.

„Вчера те плеснав. Артем, ти удрив шлаканица. Така се удира жена. Дури и дете. И што се случи? Што се промени? Или беше со 30 луѓе? Кажи ми и толку …“.

„За тебе, за Конор … Еве така“, продолжи Нурмагомедов демонстрирајќи како дели шлаканици.

Да потсетиме дека поранешниот шампион во две категории Конор Мек Грегор и неговата свита го нападнаа автобусот во кој беа борците кои требаше да земат учество на УФЦ 233. Хабиб исто така беше во возилото за време на нападот.

И иако Орелот остана читав, многу борци бес повредени. Конор веќе е обвинет за напад и ќе биде осуден за тоа што се случило.

Нурмагомедов имаше судир со соиграчот на Ирецот, Арем Лобов неколку дена пред скандалозната случка. Нурмагомедов го плеснал борецот што и ја предизвикало реакцијата на Мек Грегор.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО