ММА организациите ИММАФ и ВММАА се обединија за олимписко признание

 

Меѓународната ММА федерација и Светската ММА асоцијација објавија дека ќе се обединат за една заедничка кауза.

За да можат да бидат признаени мешаните боречки вештини како олимписки спорт од Глобалната асоцијација на меѓународните спортски федерации, треба да бидат раководени само од една организација.

„Обединувањето на ВММАА и ИММАФ ево  согласност на двете организации во името на ММА. Тоа не само што ќе помогне за прифаќањето на ММА како олимписки спорт, но ќе биде и од корист на членовите на двете организации, бидејќи ќе имаат заеднички шампионати, настани, курсеви за тренинзи и сл. Благодарни сме на сите кои ја донесоа оваа мудра одлука“.

Претседателот на ВММАА, Вадим Финкелхтајн, исто така, се согласува:

„Верувам дека обединувањето ќе даде сериозен поттик за развојот на ММА како спорт и ќе влијае позитивно, дури и во земјите во кои ММА е забранет. Обединување на силите ќе отвори многу можности, а дури и ќе можеме да го издигнеме спортот до олимписко ниво. Задоволен сум што организациите имаат заеднички цели и делат едно видување за претстојните во 2024 и 2028 година Олимписки игри. Не би било можно да ги внесеме мешаните боречки вештини во нив, ако не сме обединети. Оваа акција е плод на нашата љубов кон спортот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО