Хабиб Нурмагомедов со важна средба во Русија (ФОТО)

Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов се пофали со важната средба што ја имал. На својот профил на Инстаграм, борецот од Дагестан откри дека имал разговор со извршниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции и ко-основачот на УФЦ, Кирил Александрович.

Главната тема на нивниот разговор билае каде ќе биде следната одбрана на титулата.

„Мојата следна борба е многу веројатно да се одржи во Русија. Добро беше што разговараме со Кирил Александрович“, напиша Хабиб на својот профил.

Претходно менаџерот на руската ѕвездите Ризван Магомедов објави дека шампионот најрано во октагонот ќе се врати во март-април 2020 година. Не е познато кој ќе биде неговиот ривал, најочекуван е Тони Фергусон. Сепак, Американецот прво ќе се бори до крајот на оваа година. Тој самиот го навести тоа со објава на Твитер.

„Добив сигнал. Шампионот се врати! Наскоро ќе има вести за мечот. Подгответе се “, загатна Фергусон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО