Хабиб ќе направи уште две борби во чест на татко му и става крај на ММА борбите

Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов ќе направи уште две борби и ќе стави крај на кариерата.

Овој месец Хабиб го загуби татко му, кој почина по долгата борба со коронавирусот, од кој се опорави, но претрпе два удари и тоа беше фатално за неговиот живот. Сонот на Абдулманап беше Хабиб да се пензионира со скор 30-0 во ММА и да се бори против легендарниот Жорж Сент Пјер.

До денес „Орелот“ има скор 28-0 и ќе треба да ја заложи титулата против Џастин Гејџи, кој е привремен шампион. Али Абделазиз, менаџерот на Хабиб, во интервју за „УФЦ Арабија“ рече дека неговиот борец во чест на татко му ќе се обиде да побиде во уште две битки и да се пензионира непоразен со серија од 30 последователни победи.

https://www.instagram.com/p/CDEjNvFJVIF/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CDEb-dOJq0S/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО