Роберт Витакер го надмудри Дарен Тил и го победи со одлука на судиите (ВИДЕО)

Поранешниот шампион во средна категорија Роберт Витакер забележа многу важна победа во Абу Даби против Дарен Тил во главната битка на вечерта на УФЦ на ЕСПН 14.

Силна борба, во која разменија по еден нокдаун на почетокот. Средба стигна до судиска одлука која беше едногласна за поранешниот шампион – (48-47, 48-47, 48-47).

Во првата рунда Тил почна многу силно и зададе тежок удар со лакт во брадата на Витакер и го сруши. Дарен побрза да го заврши мечот, но Роберт успеа да преживее.

Во втората работите се сменија, а овој пат Витакер го потфати Тил со удар и го испрати на земја. Поранешниот шампион постигна моќен граунд и паунд на Тил, но не успеа да го заврши. Во следните рунди поранешниот шампион го презеде водството и продолжи со својата тактика, да ја обработува десната нога на Дарен. На крајот на битката на Тил направи исечница на главата на Витакер од која крвта почна во изобилство да тече. Роберт забележа неколку соборувања во 5-тата рунда и така мечот дојде до судиска одлука која беше во негова корист.

Роберт успеа да се врати на победите откако ја загуби титулата од Израел Адесања на крајот на минатата година. Додека Тил се враќа на поразите и победи само на една од последните четири средби.

УФЦ на ЕСПН 14 резултати:
Роберт Витакер – Дарен Тил со едногласна одлука на судиите (48-47, 48-47, 48-47)
Маурисио Руа – Антонио Рожерио Ногеира со поделена одлука на судиите (29-28, 28-29, 29-28)
Фабрицио Вердум – Александар Густафсон со завршница (лост на рака) – Р1, 2:30
Карла Еспарза – Марина Родригез со поделена одлука на судиите (28-29, 29-28, 30-27)
Пол Крег – Гаџимурад Антигулов со завршница (триаголник задушување) – Р1, 2:06
Алекс Оливеира – Питер Собот со едногласна одлука на судиите (30-27, 30-27, 30-27)
Хамзат Чимаев – Рис Мекки со ТКО – Р1, 3:09

Воведни борби:
Франциско Триналдо – Јаи Херберт со ТКО – 3 коло, 1:30
Џеси Ронсон – Никола Далби со завршница (давење од позади) – Р 1, 2:48
Том Аспинал – Џејк Колиер со ТКО – Р1, 0:45
Мовсар Евлоев – Мајк Грунди со едногласна одлука на судиите (30-27, 30-27, 29-28)
Танер Бозер – Рафаел Песоа со ТКО – Р 2, 2:36
Пани Кијанзад – Бете Кореја со едногласна одлука на судиите (30-27, 30-27, 29-28)
Рамазан Емеев – Никлас Столзе со едногласна одлука на судиите (30-27, 30-27, 29-28)
Натаниел Вуд – Џон Кастанеда со едногласна одлука на судиите (30-27, 30-27, 30-27)

https://twitter.com/Rahmi94/status/1287230073440014336?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1287230073440014336%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fcdn.embedly.com%2Fwidgets%2Fmedia.html%3Ftype%3Dtext2Fhtmlkey%3Dfd92ebbc52fc43fb98f69e50e7893c13schema%3Dtwitterurl%3Dhttps3A%2F%2Ftwitter.com%2Frahmi94%2Fstatus%2F1287230073440014336image%3D

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО