Хабиб: Ќе се борам Макс Холовеј, но прво да се докаже во лесна категорија

Во април Хабиб Нурмагомедов и Макс Холовеј беа во блиску до борба откако Тони Фергусон се повлече. Тие учествуваа на прес-конференција и се соочија, но Макс Холовеј имаше тешкотии со симнувањето на тежината и беше принуден да се повлече.

Потоа Хабиб го порази Ал Јакинта и ја освои титулата во лесна категорија, а во октомври ја бранеше против Конор Мек Грегор. Макс Холовеј имаше тешка година, но пред неколку дена го згази Брајан Ортега и ја одбрани титулата, при штоДана Вајт го повика веднаш да ја смени категоријата. Макс рече дека сака нова шанса против Хабиб, но денес го прекина:

„Макс е добар и сум заинтересиран за борба со него. Тој е потенцијален противник за мене. Сепак, ова е друга категорија за него и тука е различна структура на телото, друга борба.

Мислам дека прво треба да направите неколку борби во лесна категорија, за да ги тестирате способности. Тоа е мое мислење, и мислам дека има борци во мојата категорија коишто повеќе заслужуваат борба со мене, како Тони Фергусон и Дастин Пориер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО