Кро Кап: Нелсон со „валканиот говор“ само се обидува да ја продаде борбата, мислам дека приватно е добра личност

На 16 февруари, Мирко Филиповиќ конечно ќе добие шанса да му се реваншира на Рој Нелсон.

Хрватската боречка легенда на тој датум на настанот Белатор 217 во Анкасвил по втор пат во кариерата ќе ги одмери силите со борец кој го порази во 2011 година во УФЦ.

„Среќен сум заради таа борба. Тоа е борба која ја посакував и се надевам дека ќе бидам поподготвен и ќе го осветам поразот што го доживеав“, изјави Кро Кап за Нова ТВ.

Да потсетиме, реваншот на Филиповиќ и Нелсон требаше да се одржи во мај на Белатор 200 во Лондон, но борбата беше откажана поради повредата на хрватскиот борец.

Пред мечот двоецот успеа да се спречка преку социјалните мрежи откако Биг Канрти изрази сомневање дека Филиповиќ користел недозволени супстанции. Иако стануваше збор за неоправдана провокација, Кро Кап верува дека сето тоа е само дел од маркетингот и нема ништо против американскиот колега.

„Мислам дека тој само сака на тој начин да ја продаде борбата. Мислам дека тој, вака, приватно е „ок“ лик. Некој кој го сака валканото зборување, јас не го сакам, па затоа сè едно ми е што ќе каже противникот“, заклучи Филиповиќ.

https://www.instagram.com/p/BraFW9xAR-f/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО