Крвавиот Френк Мир тапкаше на ударите (ВИДЕО)

Френк Мир е поразен и во вториот настап за Белатор.

По поразот од Федор Емелијаенка, поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ на Хаваите загуби со сабмишн од Чави Ајала (11-7).

30-годишниот Американец се прослави во 2016 година кога го нокаутира Сергеј Харитонов, но потоа претрпе два порази.

Откако успеаа да преживее неколку закани со сабмишн во првата рунда, во втората Ајала успеа да воспостави контрола во клинч и со удари со тупаници и колена во стоечка положба да го раскрвари и присили Мир да тапка на ударите.

На 39-годишниот Мир ова му беше четвртиот последователен пораз и не знае за победа од јули 2015 година,

Мајкл Чендлер (19-4) со едногласна одлука на судиите си ја врати титулата во лесна категорија и му го нанесе на Брент Примус (8-1) првиот пораз во кариерата.

Белатор „Поздрав на војниците“:

Мајкл Чендлер – Брент Примус (едногласна одлука на судиите, 50-45, 50-45, 50-45)

Чави Ајала – Френк Мир (сабмишн, Р2)

А.Ј. Мек Ки – Даниел Крафорд (сабмишн, анаконда давење, Р1)

Хулијана Веласкез – Алехандра Лара (поделена одлука на судиите)

Сем Сицилија – Дерек Кампос (поделена одлука на судиите)

https://www.youtube.com/watch?time_continue=36&v=mKtUV0kJinE

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО