Аце Русевски пречекан со сите почести на „Златната ракавица“ во Ниш

Легендата на македонскиот бокс, Аце Русевски, минатиот викенд беше специјален гостин на една од најстарите боксерски манифестации на Балканот – „Златна ракавица“ во Ниш, Србија.

На освојувачот на бронзениот медал од Олимписките игри во Монтреал во 1976 година му беше укажана чест да биде дел од стручното жири со легендите на југословенскиот бокс со кои своевремено настапуваа во репрезентацијата на Југославија, како Тадија Качар, Мирко Пузовиќ и Драган Вујковиќ.

„Бев пречекан со сите почести и беше пријатно да се дружиме како поранешни шампиони и освојувачи на медали од олмпијадите, светските и европските првенства. Благодарност до претседателот на БСБ Ненад Боровичанин за поканата и убавата организација“, вели Аце Русевски.

За жал, на овој респектабилен турнир не настапи ниту еден наш боксер, бидејќи пројавија интерес по повикот на селекторот Петре Чурлиновски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО