Гоце Јанески го носеше знамето на свеченото отворање на Европските игри, петмина спортисти денес настапуваат

Синоќа на свечен начин беа отворени Европските игри во Минск!

Нашите спортисти гордо продефилираа на стадионот на Динамо во Минск, пред претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, да ги прогласи игрите за отворени.

Вчера, Арбреша Реџепи и Гоце Јанески беа на допинг контрола и бидејќи немаше никакво известување за нивните резултати во рок од 24 часа, тие се негативни, односно ја поминаа допинг контролата.

Денеска први ќе настапат Гоце Јанески (69 кг) против Киран Молој (Ирска), Јасин Љама во категоријата 60 кгр ќе боксира против Тадеј Цернога (Словенија), а Арсим Етеми (75 кгр) ќе се бори против Макс Ван Дер Пас (Холандија) и тоа во второто коло, бидејќи во првото коло, како и Јанески, и двајцата боксери се слободни.

Денес ќе настапат и Арбреша Реџепи (Џудо) која во првото коло ќе се бори против Ксенија Данилович (Белорусија),a Далибор Богданов (Самбо) ќе се сретне со Кокша Владимир (Белорусија).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО