Ѓорги Трајковски го засили БК Шкупи

Gorgi Trajkovski i Haruni

Ѓорги Трајковски ги засили редовите на БК Шкупи од Чаир. Своето деби за клубот го очекува наредниот месец во Тетово.

Инаку Трајковски доаѓа од боксерскиот клуб 1060 од Ѓорче Петров, кој не е член на Боксерската федерација на Македонија, а стана познат по заминувањето на нивниот член Горјан Славески-Гого во САД, за да ја гради својата боксерска кариера, која засега успешно напредува.

Трајковски вели дека сака да ги покаже квалитетите што ги има и дека се уште тренира во матичниот клуб.

„Не можам да ја опишам среќава. Голема благодарност до Насер Харуни од БК Шкупи за шансата што миј дава. Ветувам добри резултати. И, голема благодарност до луѓето што останаа покрај мене, на прсти ве има“, ова е првичната реакција на Трајковски на ФБ профилот.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО