Повреденото рамо на Пакијао е излекувано

Pakijao gopokzuva ramoto

Повредата на рамото на Мани Пакијао е целосно излечена, објави промоторот на филипинската боксерска ѕвезда, Боб Арум. Поранешниот светски шампион ја заработи повредата непосредно пред средбата со Флојд Мејведер во мај. Сепак, Пакијао го сокри проблемот, за што беше остро критикуван, а по поразот од Американецот се оправда со неа.

„Оваа недела Мани ќе ја помине магнетната резонанца на Филипините. Потоа наодите ќе го испрати на докторите во САД за евалуација. Според него, рамото целосно е третирано и не чувствува никаква болка по операцијата“, вели Арум.

Пакијао има намера да се врати наредната година, не подоцна од средината на април. Уште отсега Боб Арум подготвил интересна листа со потенцијални ривали. Меѓу нив се Теренс Крафорд, Амир Хан, Кел Брук, Хуан Мануел Маркез и Лукас Матис.

https://youtu.be/GWH4-bjrcxc

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО