Светскиот шампион во средна категорија на ВБЦ, ИБФ и ИБО, Генади Головкин, утревечер во Лондон се среќава со Британецот Кел Брук, а фановите и аналитичарите сметаат дека ова ќе биде најголемиот тест досега за казахстанскиот боксер.
Головкин зборува за медиумите на вообичаената прес-конференција пред мечот рече дека се чувствува одлично и не чувствува загриженост пред средбата со Брук.
„Се чувствувам одлично. Го почитувам Кел Брук. За нас двајцата ова е најголемиот меч. Изгледа добро. Рече дека е подготвен за мене. Јас сум исто така сум подготвен за него. Овој натпревар е подарок за луѓето – не само за оние во Англија, но и за сите други“.
„Не сум исплашен. Ми се допаѓа спортот ми се допаѓа боксот. Го почитувам противникот, бидејќи ја разбирам ситуацијата. Тој е многу силен, многу добар боксер. Тој е во иста ситуација. Тоа е бокс. Не, не сум уплашен“.
Од друга страна, Кел Брук возврати почовечки, признавајќи дека чувствува блага доза на страв пред мечот со еден од најдобрите боксери на планетата во овој момент.
„Има страв во мене, но тоа ќе ме направи уште поподготвен за средбата. Да го доживуваш овој страв е корисно. Тоа е добра работа. Верувам дека ова е моето време. Сакам да го шокирам светот, победувајќи го најстраотниот боксер на планетата. Тоа е човекот со кого никој не сака да се сретне во рингот. Некои се откажуваат од титулите, за да не се соочат со него. Која само победа би било тоа за мене“.