Топ 10 ипони на Гранд слем Париз 2015 (ВИДЕО)

dzudo-zafat-japonci

Џудото е еден од најпопуларните боречки спортови на планетата, а воопшто не е случајно што е присутен и во програмата на Олимписките игри.

Оваа боречка вештина е создадено од Кано Јигоро 1882 година, а може да се каже дека главната цел кај него е да го фрлиш противник на подот и да го онеспособиш, а тоа може да се направи преку различни сабмишани.

Најубавата страна на џудо е моментот во кога едниот од двајцата противници покажува целосна контрола над другиот, успевајќи благовремено и совршено да ги исполни техничките елементи на фрлање кои го легнуваат противникот на грб на тлото.

Опишаната техника високо се наградува во џудото, однонсо со цел поен со што завршува и борбата. Тоа е ипон. Со други зборови, ако еден џудит напшрави чисто и контролирано фрлање на својот противник и го фрли на грб, тогаш тој ќе победи и на мечот.

Во ова видео можете да уживате на десетте најдобри ипони на Гран слем Париз 2015.

https://youtu.be/suzdRrx-5Y4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО