Рој Џонс: Уште не сум завршил со боксот

roj-dzons

Легендата на американскиот бокс Рој Џонс – Јуниор откри дека уште не завршил со боксот.

Ветеранот почна да предизвикува сожалување кај навивачите откако беше брутално нокаутиран во текот на последните неколку години. Во претходниот меч пред еден месец Американецот го скина десниот мускул во дуел со Родни Мур. Тогаш Џонс најави дека тоа најверојатно е крај на неговата кариера.
„Веќе сум многу подобро. Раката се обновува“, изјави Рој Џонс за “„ТМЗ“, при што медиумот додава дека боксерот покажал здрави раце пред неколку дена. Тој фатил ајкула за време на риболов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО