Головкин ќе докажува дека е №1 во средна категорија

Головкин

Генади Головкин е уверен дека на 18 март ќе го потврди статусот на најдобар боксер во средна категорија во светот. Тогаш ГГГ ќе се сретне со Даниел Џејкобс во Њујорк.

Самиот ГГГ вели дека ова досега е еден од најсериозните тестови во неговата кариера, но 34-годишниот Казахстанец е подготвен за акција.

„Верувам дека Даниел е подготвен за овој меч. Јас имам четири појаси. Тоа е сон на секого“.

„За сите нас многу е важно да видиме кој е №1 во оваа категорија. Кој е најдобар“.

29-годишниот Дени Џејкобс е во серија од 12 последователни нокаути на неговото конто.

„Ова е мечот кој отсекогаш сум го сакал“, изјави Џејкобс, додавајќи: „Ова е моментот во кој можам да станам најдобар во светот. Имам голема почит кон Генади и неговиот тим. Мислам дека тие се №1 во средна категорија, а јас треба да го шокирам светот, докажувајќи дека јас сум најдобар“.

„Се чувствувам на сто проценти подготвен – ментално и физички. Сигурен сум дека ќе бидам новиот шампион во средна категорија“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО