Макпетрол заминува на Гранд при Кроација по успешните подготовки во Маврово (ФОТО)

makpetrol-na-sneg

Седумденевните подоготовки на репрезентативците од Карате клубот Макпетрол успешно завршија во Маврово во хотелот на Макпетрол во периодот од 2-9 јануари.

 makpetrol-vo-gard

Тренерот Бошко Заборски вели дека морале да се одлучат на ваков чекор, веднаш на почетокот на Новата година, затоа што не можеле да дозволат спортистите да се опуштат за време на празниците во овој временски период.

„Во овој момент сме поделени на два фронта, првично треба да ги подготвуваме нашите кадети, јуниори и постари јуниори за еден од најсилните европски турнири Гранд при Кроација во Самобор од 13-15 јануари, кој е во календарот на КФМ, односно турнир е изборен и квалификациски за состав на кадетско-јуниорската репрезентација за претстојното Европско првенство во Софија, Бугарија, во втората недела на февруари.

За сениорите, пак, подготовките имаа исто така голема важност, бидејќи не очекува Државното сениорско првенство кое е закажано за првата недела на март, потоа следи Балканското првенство за сениорите, како и настап на Карате 1 Премиер лигата во, Ротердам, Холандија“, истакнува Заборски, додавајќи дека планира по завршување на турнирот Гранд при Кроација да се реализира и вториот дел од зимските подготови.

makpetrol-devojki-pozi

„Откако ќе знаеме колку наши спортисти ќе бидат и официјално репрезенти во состав на македонската репрезентација за Европското првенство. Тогаш комплетниот тим,  заедно со сениорите, ќе заминат  на 10 -дневни подготовки за што поуспешен настап на натпреварите кои ни следат. За оваа периодизација треба да ни се приклучат и каратистите од скопски Металург“, нагласува првиот човек на Макпетрол, при што додава:

„Макпетрол секоја година посветува големо внимание на подготвеноста на своите спортисти и затоа е најтрофеен македонски карате клуб. Се надеваме дека и во 2017 година ќе бележиме спортски успеси и ќе ја радуваме македонската спортска јавност со постигнување на врвни резултати“.

makpetrol-cela-ekipa

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО