Генади Головкин во април го одби мечот со Кел Брук, велејќи дека е премногу лесен противник за него. Меѓутоа, откако е закажан нивниот дуел, Казахстанецот се премисли.
„Го почитувам, тој е одличен борец со добри резултати и е шампион. Да, тој мора да качи малку килограми, но Брук претставува сериозен тест за мене. Сум го видел во живо и не е толку мал како што изгледа“.
Борбата меѓу Головкин и Брук ќе се одржи на 10 септември во Лондон.