14 медали за Македонија на светските карате првенства- со 7 одличја Макпетрол е најтрофеен клуб

Во овој текст ќе дадеме краток осврт на вкупниот придонес на македонските каратисти во целокупната досегашна историја кога се земаат во предвид само освоените медали од официјалните светски првенства.

Витомир Трајковски бронзен медал Стефан Стојановиќ 5 место Ријад, ОАЕ 2023

Повод за оваа наша анализа, ни даде последниот голем успех кој го оствари каратистот Стефан Стојановиќ. На последниот свој настап 09-13 октомври 2024 година, каратистот на „Макпетрол“ Стефан Стојановиќ од Светско првенство во Венеција, Италија, успеа да донесе бронзен медал за Македонија, медалот беше освоен во извонредно голема конкуренција на 113 држави учеснички на првенството.

Стефан Стојановиќ – бронза на СП во Венеција, Италија, 2024 г.

Овој медал за нашиот млад каратист е втор светски медал во неговата спортска кариера, претходно тој на светското првенство во Коња, Турција, 2022 година го освои сребрениот медал и има 5-то место од Светските игри на Топ 8 каратисти кои се одржаа во Ријад, Саудиска Арабија 2023 година. Овие резултати го ставија Стефан Стојановиќ како најуспешен каратист на Македонија до возрасна категорија на (У21).

Витомир Трајковски и Петар Заборски сребрен медал Коња, Турција 2022 г.

Првиот светски медал за Македонија го освојува Сашко Арсовски од КК Партизан-Штип на СП во Јоханесбург, Јужноафриканска Република, 1996 година. Аросовски во кадетска конкуренција се закити со сребрен медал.

На ова СП во помлади кадети во борби Наташа Илиевска од Силекс освои бронза.

СВЕТСКИ МЕДАЛИ КОИ ГИ ОСВОИЛЕ КАРАТИСТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ОД ОФИЦИЈАЛНИ СВЕТСКИ ПРВЕНСТВА И СВЕТСКИ ИГРИ ВО ТОП 8 КАРАТИСТИ ВО СВЕТ

Сашко Арсовски борнза на СП во Атина, Грција 2001

1. Сашко Арсовски II место

кадет

Јоханесбург Светско првенство за кадети, јуниори и младинци Партизан- Штип Миланчо Черкезов
2. Наташа Илиевска III место

помлад кадет

Јоханесбург СП кадети, јуниори и младинци Силекс

Кратово

Атанас Младеновски
3. Горан Митровски III место

кадет

Атина

2001

Светско првенство за јуниори и кадети Макпетрол Бошко Заборски
4. Сашко Арсовски III место

U21

Атина

2001

Светско првенство

За јуниори и кадети

Партизан Штип Миланчо Черкезов
5. Иво Цветковски III место

U21 -70

Истанбул

Турција

2007

Светско првенство за јуниори и кадети Металург

Скопје

Мирче Јанушевски
6. Жарко Арсовски III место

Сениор +84 кг

Белград

Србија

2010

Светско првенство

За сениори

Макпетрол

Скопје

Бошко Заборски

Прв светски сениорски

медал

7. Берат Јакупи III место

U21 +78 кг

Гвадалахара

Шпанија

2013

Светско првенство

За јуниори и кадети

Фати

Тетово

Арлинд Усеини
8. Наташа Илиевска III место сениор Пекинг

Кина

2014

Светски игри

ТОП 8 СПОРТИСТИ

Макпетрол Бошко Заборски
9. Бојан Костов III место

кадет

Сантјаго

Чиле

2019

Светско првенство за јуниори и кадети Олимпик

Скопје

Александар

Кузмановски

10. Емил Павлов II место

Сениор

-67 кг

Дубаи

ОАЕ

2021

Светско првенство

За сениори

Штип

Штип

Сашко Арсовски
11. Стефан Стојановиќ II место

U21 +84kg

Коња Турција

2022

Светско првенство за јуниори и кадети Макпетрол

Скопје

Бошко Заборски
12. Витомир Трајковски II место

U21 – 84kg

Коња Турција

2022

Светско првенство за јуниори и кадети Макпетрол

Скопје

Бошко Заборски
13. Витомир Трајковски  III место

U21 – 84kg

Ријад , Саудиска Арабија

2023

Светски игри на Боречки спортови

Топ 8 WKF

Макпетрол

Скопје

Бошко Заборски
14. Стефан Стојановиќ III место

U21 +84kg

Венеција

Италија

2024

Светско првенство за јуниори и кадети У21 Макпетрол

Скопје

Бошко Заборски

Табела 1. Спортисти кои освоиле светски медал, место на одржување на светското првенство клуб и тренер

Жарко Арсосвки и Бошко Заборски на Светското сениорско првенство во Белград 2010 г.

Од прикажаната Табела 1. Може да се констатира дека во дисциплина Кумите, репрезентативците на Македонија до сега имаат освоено вкупно 14 медали. Од кои 4 (четири) сребрени и 10 (десет бронзени) медали, најуспешни се каратистите од Макпетрол, тие имаат во своите витрини 7 (седум) светски медали од кои 2 (два) сребрени и 5 (пет) бронзени.

Берат Јакупи
Наташа Илиевска бронзен медал Пекинг, Кина
Бојан Костов – СП Чиле

Останатите клубови од Карате федерацијата имаат освоено вкупно 5 (пет) медали од кои 1 (еден) сребрен и 4 (четири) бронзени медали.

Емил Павлов-СП во Дубаи, ОАЕ, 2021 г.

Во дисциплината кати, во досегашната историја освоени се само 2 медали, и тоа во екипна конкуренција со ката тимовите – жени.

1. Марија Гудеска

Зорица Спироска

Верица Трајкоска

III место

Ката тим

У-21

Истанбул

Турција

2007

Светско првенство за јуниори и кадети Ронин

Прилеп

Златко Димески
2. Марјана Димоска

Мишела Димоска

Кириана Камческа

II место

У-21 Ката тим

Џакарта

Индонезија

2015

Светско првенство за јуниори и кадети Ронин

Прилеп

Златко Димоски

Табела 2. Спортисти кои освоиле светски медал во дисциплина КАТИ, место на одржување на светското првенство клуб и тренер

Ката тим бронзен СП, Истанбул, Турција 2007-Златко Димоски, Марија Гудеска, Зорица Спироска и Верица Трајкоска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО