Петмина македонски кикбоксери ќе настапат на Европското првенство за сениори

Македонската кик бокс репрезентација настапува со пет натпреварувачи на Европското првенство за сениори што се одржува во Атина, Грција, од 1 до 10 ноември.

Боите на Македонија ги бранат:

-50 кг Леа Бошевска – сениори, кик лајт
-94 кг Мите Ашкилов – сениори, кик лајт
-86 кг Бобан Илиоски – сениори, лоу кик
-55 кг Андреа Костовска – сениори, кик лајт
+94 кг Стефан Михајловски – сениори, кик лајт

На ЕП настапуваат 982 кикбоксери со 1133 натпреварувачки влезови од 41 држава.

Во склоп на првенството ќе се одржи и Генералното собрание 2024 на Европската кикбокс федерација на кое ќе присуствува и претседателот на Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија Дејан Митровски.

Во склоп на првенството од страна на ВАКО Европа ќе има организирано и „Спортски агол” на кој ќе има секојдневна едукација за спортистите, физиотерапевтски дел со врвни терапевти за релаксација и помош на спортистите и презентација на „ВАКО женскиот комитет” чија членка од нашата држава е Ирена Митровска, која заедно со уште 6 жени членки од цела Европа пред спортистите ќе ја претстават својата работа.

„Репрезентацијата е подготвена во целост, очекувам успешни и добри мечеви од сите наши натпреварувачи и, секако, се надевам дека ќе се вратиме со медали. Ќе го чекаме официјалниот жреб за да ги дознаеме противниците. Како и секогаш, конкуренцијата е голема, но нашата репрезентација, иако е мала, составена е од врвни, искусни и докажани борци. Посакувам успех за сите и очекувам трофејни борби без повреди”, изјави претседателот Митровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО