Леснар заработи 2,5 милиони долари на УФЦ 200

Brok lesnar gramada

Брок Леснар лавовски се избори за хонорарот на историската галавечер на УФЦ 200. Борачот добие 2,5 милиони долари за победата над Марк Хант. Неговиот ривал се задоволи со 700 000.

Даниел Кормиер заработи 500.000 за средбата со Андерсон Силва (600.000).

Вкупно 14 од 24 борци кои учествуваа на ова шоу, на банкарските сметки и легнаа суми со шест цифри.

Галавечерта го собори и рекордот за вкупна заработка на едно шоу – 6. 979.000 долари.

Во сумите не се вклучени одбитоците за данок, осигурување и лиценци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО