Голем интерес за Нурмагомедов – Мек Грегор, а и цените на велзниците се „солени“

Сите оние што ќе сакаат да ја гледаат големата УФЦ-пресметка меѓу Конор Мек Грегор и шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагодмедов ќе треба да издвојат и по 2.000 долари.

Имено, за мечот на 6 октомври во Лас Вегас има голем интерес, а Агенцијата за продажба на влезници добива резервацииво огромен број, но за еден билет, од оние поатрактивните, ќе треба да се издвојат и до 2.000 долари.

Влезниците официјално ќе бидат пуштени во продажба на 15 август. Фактот вчреа се резервираа голем број на билети, а тоа дополнително ќе ја крене цената.

УФЦ ги трие рацете, бидејќи по неколкуте промашени и очајни настани сигурно ќе зарботат поголема сума  од борбата и од правата за пренос на дуелот. Првиот човек на организацијата, Дана Вајт, очекува дека ова би можел да биде најпродаван настан и очигледно е дека Мек Грегор е одличен човек за правење на бизнис.

Хабиб ја брани титулата, а за два месеци ќе дознаеме дали Мек Грегор ќе му го нанесе првиот пораз.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО