Џошуа за раскинувањето на соработката со Шоутајм: Работата не познава лојалност, тука нема љубов!

Сите шест мечеви на светски боксерски шампион Ентони Џошу, кои се емитуваа во САД, беа прикажани на угледниот Шоутајм. Почнувајќи уште од мечот против Чарлс Мартин во 2016 година, кога и  ја освои круната на ИБФ.

Но, следниот дуел, оној против Александар Поветкин, нема да се емитува на Шоутајм, туку на ноиот стриминг сервис ДАЗН/DAZN. Британецот одлучи да го раскине договорот со Шоутајм и тргнее во нов договор со платформа која ќе дебитира дури на 10 септември во САД, само 12 дена пред почетокот на средбата против Џошуа – Поветкин.

Секако, договорот е дело на менаџеротна Џошуа, еди Херн (Мечрум спорт) кој успеа да договори дури осум години соработка со ДАЗН. Детали не се познати, но бидете сигурни дека договорот е профитабилен и со висок квалитет.

Поради одличните односи на двете страни, како и фактот дека Шоутјамго следеше олимписки шампион речиси од почетокот на кариерата, многумина очекуваа дека соработката ќе продолжи. Џошуа не размислува така …

Во разговор со ЦБС спорт, светскиот шампион објасни како стојат работите:

„Работата не познава лојалност, работа е да се направат вистинските одлуки во вистинско време“.

„Сите работиме заедно. Тука се ХБО, ДАЗН, Скај, сите тие телевизии и платформи. Затоа не планирам да останам некаде само поради лојалноста. Секогаш мора да гледаш што е најдобро за тебе и да правиш токму такви потези“, додаде Британцот.

Џошуа накратко прокоментира и новата платформа на која ќе се емитуваат и настаните на Белатор во иднина.

„Јас токму тоа го правам, правејќи ги најдобрите потези и одлуки за мојата кариера. ДАЗН е одлична платформа и мило ми што ќе бидам на неа. Но и Шоутјам е одличен и ХБО и Скај спорт. Сите се неверојатни. Можеби еден ден ќе боксирам на ХБО, бидејќи досега не ја имав таа шанса. Тука нема љубов. Нема лојалност, тука се е во изборите кои ги правите и кои мора да бидат вистински за мојата кариера. Бидејќи таа нема да трае вечно“, заклучи светскиот шампион во бокс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО